Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оценија дека периодов Собранието е крајно нефукционално бидејќи на закажаните седници нема кворум за нивно одржување, како и дека за да се покаже дека нешто се работи се закажуваат стари седници со отворени точки на коишто нема присуство на министри или нивни заменици и точките не се отвораат.

Кредибилитето на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат нови закони од Владата што е знак дека Владата на Ковачевски е толку заспана и некадерна во време на криза – изјави денеска на прес-конференција пратеникот Миле Лефов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Лефоков, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во реалноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.