До утврдување на дневниот ред на седницата предлагам внесување на точка на дневниот ред која што е од итна и неодложна потреба, односно со законот за стоковите резерви. Затоа што во ек е сеидбата на оризот, многу значајна земјоделска култура, ни се заканува глобална прехранбена криза, и редно време е да се почитуваат напорите на оризопроизводителите и оризот да биде додаден како култура од особен интерес за граѓаните како што се пченката, пченицата, јачменот, сточната храна и готварската сол, изјави на денешната собраниска седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Лефков посочи дека тоа е едноставна измена на законот за стокови резерви, со што ќе се овозможи на Агенцијата за стокови резерви да располага и откупува оризот.
– Со тоа ќе се избегне можноста за ценовни манипулации и ќе се додаде сигурност токму на оние кои се најпогодени од ценовниот раст затоа што цената на оризот и оризовата арпа е непроменета а имаат огромни трошоци за обработка, ѓубриво и останати трошоци за репроматеријали, рече Лефков.
Тој нагласи дека пратениците се во Собрание за граѓаните, и никому не му е јасно зошто власта се обидува да ја замолчи опозицијата и тоа не им е јасно на оризопроизводителите.
За предлогот за дополнување на дневниот ред со предлог Закон за изменување на Закон за стокови резерви со која измена оризот се додава како култура од особен интерес и практично значи дека Агенцијата за стокови резерви ќе го откупува Талат Џафери грубо го прекрши Деловникот за работа, не го овозможи потребното време за објаснување ниту пак истиот беше ставен на гласање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.