Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше, за само по неколку месеци да признае дека Францускиот предлог е всушност изработен од него, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Тој на прес-конференцијата пушти видео по кое порача дека Стево Пендаровски е политичар без став.
-Нема изјава која Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се, ниту пак кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал. Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг, потенцираше Лефков.
Тој посочи дека Пендаровски изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент.
-Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.