Огромна лага е дека некој ја опструира комисијата за образование. Министерката која е повереник на законот каде вели дека порастот на плати не може да биде со закон туку мора да биде предмет на социјален дијалог, а во исто време се вели дека имаат предлог закон со кој ќе се покачат платите, ова претставува чист оксиморон парадокс, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.
Лефков посочи дека се кажуваат лаги кога веќе се споменува членот со кој се предвидува покачување на платите на наставниците.
Во членот 66-ж пишува дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба каде се утврдува износот на вредноста за бодот на пресметување на платите на наставниците и стручните соработници а во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број извршители“, рече Лефков.
Тој додаде дека во членот 25 се предвидува дека со 10 наставни часа ќе се има полно работно време, што алудира на зголемување на бројот на извршители.
Лефков кажа дека доколку власта става одредба дека бодот кој ќе се утврдува според буџетот и врз основниот број на даватели на услуги тогаш за какво зголемување станува збор тука. Буџетот веќе се зголеми за плаќање и трансфери кон ЕСМ.
Тука станува збор за спречување на страшна партизација. Ако сакате да го усогласите бодот на наставниците потребно беше да го прифатите нашиот амандман затоа што колективните договори и сите договори треба да се водат од минималната плата затоа што тоа е целта и поентата на минималната плата“, заклучи Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.