Пет дена со Аферата #Броило…

Ковачевски и кумот ја основале Пиксел гроуп 5 месеци откако СДСМ прави Влада!

Оваа фирма добива:

4 исплати од Фонд за Иновации во вкупна вредност од 4.324.363 ден(70 314€)!

Државна помош во 8 исплати во вредност од 27.262.082 ден (443 285€)!

Кумот ја основа КМГ ЕОЛ Квазар

Оваа фирма добива:

– Тендери од ЈКП Комуналец Св.Николе во вредност од 100 000€!

– Тендери од ЈП Пасишта, две набавки од 172.000€ и од 343.000€!

– Општина Ѓорче Петров, тендер од 48.000€!

– Општина Чаир 108.000€

– Тендер од ЕВН над 2.000.000€

Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма АЕ Солар Хорајзонт во Софија со основачки влог од 15.000 лева!

Осум месеци откако е премиер Ковачевски, фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АЕ Солар АД Тетово, вредна 54.000.000€

Пиксел има 40%, АЕ Солар Хорајзонт од Софија 60%

– Оваа компанија чека на државна помош која треба да ја исплати премиерот…

Видовме исплати на државни пари за Ковачевски како сопственик на Пиксел, исплати за фирмата кога Ковачевски бил заменик министер, ОГРОМНА исплата од Владата во оставка за фирмата основана од него два дена по станувањето на МАНДАТАР, гледаме огромни суми на тендери за фирмата на кумот додека кумашинот е премиер…

Се ќе се објави и дознае, нема веќе криење, не смее државната помош да завршува во фирми основани и во фирми блиски на ПРЕМИЕРОТ!

За кумот на Ковачевски и за неговите врски со СДС, продолжуваме утре!, напиша Миле Лефков на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.