Ако се водите од логиката на Артан Груби и информациите кои тој ги лиферува, стручњакот за игри на среќа и тендери, да оставиме тој да ги толкува, но најодговорно кажувам кворумот не беше направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а власта треба да си ја преземе одговорноста за она што го направи, а не да лиферува такви лажни вести, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со измените од Кривичен законик.

Ако имаме еден закон кој во Собрание стигна со европско знаменце и злоупотреба на европските процедури, експресно се најде на комисија за европски прашања, нашата одлука беше да ги кажеме нашите аргументи против овој закон и секако да гласаме против, рече тој.

Лефков потенцираше дека останува фактот дека самото донесување на овој Кривичен законик, начинот, постапката, целите и последиците претставуваат најнов облик на висока корупција.

Тоа што се случува во државата и со донесувањето на Кривичниот законик е висока корупција, во која се вклучени и владата и претставници во законодавниот дом, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека тоа што власта не сака да се зборува дека со овие измени на КЗ нема да може да се гонат криминали направени од оваа власт.

Во изминатиот период за време на владата на СДС и ДУИ практично со овие измени на Кривичниот законик бришење на став 5 од член 353 кој е однесува на јавни набавки, бришење на членот 394 кој се однесува на злосторничко здружување и намалување на затворските казни до 3 години, се предизвикува кривичните дела направени од страна на оваа власт да застаруваат следната година кога ќе се промени власта, рече тој.

Лефков потсети дека не може да бидат гонети ниту преиспитувани набавките на Васко Ковачевски за РЕК Битола, спорните набавки на јаглен, не може бидат испитувани набавките на вакцини, одлуките на Онкологија кога бил ставен надвор од употреба КАТО системот.

Тоа е еден скриен бенефит кој не се говори во јавноста. Со овие измени се оневозможува гонење и водење на кривични постапки и кога Заев беше премиер, изјави Лефков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.