Најпрвин секои кои не гледа проблем во однесувањето на Арбр Адеми во ваквиот начин на работењето на Собранието и секои кои не гледа проблем во начинот на завршувањето на 2 дена расправа треба да знае дека е дел од проблемот, истакна претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во дебатната емисијата „Топ Тема“ на Телма Телевизија.
Да поддржувате фрлање со филџан и да продолжувате со лажно сведочење од овој тип дека имало такви настани и некои бил удиран тогаш треба да знаете дека сте вие дел од проблемот, рече Лефков обраќајки и се на Санела Шкријељ.
Лефков додаде дека вистината мора да биде кажана, ако сакате да се почитуваат законите, правото, Уставот и Деловникот во тој случај приоритет треба да биде процедурата. Затоа што процедурата е заштитник на почитувањето на уставот и на законитоста.
Лефков потенцираше дека Арбр Адеми треба целосно да си ја превземе одговорноста.
Тој посочи дека чувар на процедурата се оние кои претседаваат со телата и со комисиите, додека пак вчера чуварот на процедурата Арбр Адеми го видовте како се однесуваше.
Не може министер за труд и социјална политика да менува закон и да го продолжува мандатот на судии и јавни обвинители а министерот за правда го нема никаде и оддржува тривијални состаноци, дециден е Лефков.
Лефков вели дека потребно било да имаат прилика за да побараат точката да биде тргната и да му биде вратена на Талат, но Арбр Адеми не ни дозволи тоа да го направиме. Ние зборуваме за како тоа со адмандмани да измениме закон каде местото не му е таму и тој не треба да се менува бидејќи мандат на судии не треба да се менува со закон за работни односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.