Она што се случува во Судскиот совет, за жал, се случува секој ден во државата и во другите институции, а тоа го прави Владата на СДСМ и ДУИ со цел да опстане на власт ден повеќе, рече утринава пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков при гостување во радио-емисија.

И во Судски Совет за жал гледаме од она што ни се случува секој ден, а тоа е пазарење и тоа коалиционо пазарење за да останат на власт. И за жал претседателката Весна Дамева најверојатно си ја одигра улогата со последниот предлог за уставен судија кој што нели стигна во Собрание, тоа се луѓе со една употреба. Видовме скандал од тројца предлози за уставни судии, оној кој што таа го избра го стави на гласање, а за останатите двајца не се ни гласаше. А, тоа се случуваше пред месец и половина, потсети Лефков.

Тој додаде дека сите што соработуваат со власта за да одработат во еден момент ќе завршат на тој начин како што заврши и Весна Дамева.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.