Потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи, велат од ЛДП за предлогот на Алтернатица за формирање на Заедница на албански општини во Македонија.
Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Cеверна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме. Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Cеверна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. Би сакале да потенцираме дека аспирациите на „големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени. Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни, велат во реакцијата од ЛДП.
Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на Алтернатива и да престанат „манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.