Jутјуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста со извинување. Извинувањето на Лaзаров доаѓа откако Скопското обвинителство отвори случај за интервјуто со Латас. Во извинувањето Лазаров обвини дека се работите се ваделе од контекст.

Латас е човек кој многу го почитувам и еден од луѓето кои имаат интересна животна приказна и затоа одлучивме да биде прв гостин. Концептот на подкаст е да се зборува на табу теми и да има слободен говор и да се споделуваат работи кои на ТВ не можеме да ги чуеме. Мене ми е јасно дека во Македонија ова е прво нешто и за сите нас е ова чудно и интервјуто на Карло Бос, меѓутоа се сложувам со вас, во право сте, и затоа сакам да ви се извинам за тоа што го чувте во подкастот, а јас како домаќин и водител дозволив тоа да се емитува. Дали се работи за силување или не, тоа ќе оставам на вас, меѓутоа сакам да се извинам затоа што добива една слика дека кај мене се промовираат такви работи, изјави Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.