Пратеничката Санела Шкријељ при реплика на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека ВМРО – ДПМНЕ во собранието прави кворум за граѓаните, а не за СДСМ.

Овде не ни правите кворум нам, овде сте платени од граѓаните, за да правите кворум за да се носат закони и политики за граѓаните. Не е ВМРО рак рана на СДСМ, ВМРО е рак рана на граѓаните со ваков став и со вакво размислување дека кворум обезбедувате на СДСМ, нагласи пратеничката Шкријељ.

Директно ќе ве прашам, бидејќи сте најдиректно одговорен и нема да престанам да ве прашувам дали нас ни обезбедувавте кворум кога им наредивте на пратениците да не влезат да гласаат за стратегијата за родова еднаквост, којашто патем кажано на комисија којашто ја води ваша членка помина со најпофални зборови. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога вие им наредивте на членовите на вашата пратеничка група да не влезат и да не гласаат за кривичниот закон. Дали нас или на граѓаните им обезбедувавте кворум кога му наредувате на претседателот на комисијата за финансирање и буџет да не закажува седници за законот, за кој и вие како мажи бевте многу загрижени, за намалување на ДДВ за менструалните продукти од 18 на 5 проценти, уште чекаме ваш член да ја закаже таа комисија, а месеци поминаа, го запраша пратеничката Шкријељ, Никола Мицевски.

Шкријељ потсети дека една собраниска седница чини најмалку 20.000 евра.

Не се тоа за вас пари, кои во време на кризатa се трошат буквално да одолговлекувате и да блокирате нешто што ќе биде од корист на граѓаните, запраша пратеничката Санела Шкријељ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.