Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени заради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на селото Лажани со помош на трактори, наведоа од Центарот.

Во моментот ангажирани се 2 багери. Од Територијалната противпожарна единица Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер.

Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.