Руската амбасада во Скопје на официјалниот Твитер профил објави фотографија од средба на рускиот министер Сергеј Лавров со министрите Бујар Османи и Јан Борг.
На постот на амбасадата стои: „Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Македонија и Малта – сегашен и иден претседавач на ОБСЕ.“
Од македонското МНР и од официјални извори на ОБСЕ досега нема информации за средбата и за темите на средбата.
На фотографијата се гледа Лавров кој седи спроти малтешкиот министер за надворешни работи Јан Борг и Османи кој седи меѓу двајцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.