Латас: Економска соработка со Бугарија е можна и без договор, прават дефокус додека во позадина преговараат за идентитетските прашања

Македонија 28.01.2022 / 20:41

Посебниот договор за соработка во економија на Македонија и Бугарија, е за да се прикаже дека нешто се работи и да се тргне вниманието на јавноста од темите кои што се главни. Да се дефокусира вниманието и јавноста да заборави и да се преговараат позади во сенка, позади сцена надвор од нашите очи, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5 потенцирајќи дека Бугарија не се повлече од Декларацијата дека централни прашања се македонскиот идентитет, јазик и историја, а ниту Османи не негира дека за тоа нема да се разговара.

Османи не рече дека нема да се разговара, туку дека не се разговара. Тоа е отворено за понатаму. Второ, битно е и што бугарската страна кажува, а тие не го затворија прашањето ниту со идентитетот, ниту со јазикот. Значи сами по себе идентитетот и јазикот не се спорни, туку ни го спорат времето од кога почнуваат, за нив е кога е кодифициран јазикот 1945 година, за нас е неопределено време кое е најмалку во 15,6 век во историјата, рече Латас.

Латас истакна дека штом Димитров кој повеќе од нас го познава Османи, рече дека не му верува, тогаш зошто да му веруваме ние?

Што значи и денеска брифингот и претходните денови беше замајување на јавност со општи работи кои се случуваат и со договор и без договор, ако сака македонска фирма да соработува со бугарска тоа може да го прави и без меморандумите на владата. Османи кажа скоро ништо. Кажа дека ќе прават железница, дека ќе се отвора авиолинија, дека ќе има економска соработка. Сепак Бугарија е пазар од 7 милиони луѓе со кои ние можеме да се разбереме и треба да се искористи на таков план, но што досега ги спречуваше Македонија и Бугарија за да соработуваат економски? Зошто е потребен посебен договор, посебен план, кога Македонија економски соработува и со Србија, Албанија, Грција, изјави Латас.

Латас нагласи дека Бугарија има на хартија Декларација дека се централни прашања историјата и јазикот и идентитетот и тие до ден денешен не го повлекоа, што значи дека останува актуелно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş