Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека  на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да реагирам на закана по живот што ја добив во мојата официјална е-пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за издвојување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик“, објави вицепремиерот за добро владеење.

Фетаи рече дека во пораката имало и закани од типот „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Смрт за Шиптари“.

 

 

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, барајќи постапување и зголемување на мерките на моето лично обезбедување. Тужбата е во тек, бидејќи заканите и екстремистите мора да го добијат одговорот што го заслужуваат: затвор според постоечките закони.

Воедно, ги известуваме сите оние кои имаат племенски менталитет дека нема сила која не спречува од одговорноста што ја добивме како функционери на коалицијата ВЛЕН. Ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за вакви луѓе да ни ја попречуваат работата“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.