СДС нека се зафати да си го исчисти својот двор, нека го заврши отчетниот конгрес за своите претходни седум години работа, нека одржи еден нормален состанок, а потоа нека се зафаќа со работата на новата Влада“, изјави Софија Куновска на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Куновска, ако правиме една оценка ова се всушност последици од владеењето на СДС и ДУИ.

Куновска додава дека, оттука, е потребно да дојде нов свеж бран т.е. да се даде простор на новата Влада да ги санира истите и да покаже дека ги реализира своите ветувања.

Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи, кој исто така гостуваше во емисијата изјави дека очекувањата се високо подигнати, довербата во судството мора да се поврати, но реално дали е можно за само три месеци да се реформира судството.

Пребрзо е за да видиме дали има резултати од борбата против корупција и организиран криминал. Прекраток е периодот за да се подигнат тие покрупни процеси во правосудсвото и довербата во истото беше некои 3% и ВМРО и коалицијата излезе со едни сериозни реформи во тој дел“, додава Димитровски.

Димитровски укажа дека јасна е добрата волја на новата Влада не само да ги реши заостанатите проблеми и да стави крај на неспособноста на СДС, туку и да се посвети на иднината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.