Според добрите познавачи на трансродовата проблематика, не е можно да се зборува за неа критички, а да не се наиде на автоматска дискредитација од страна на јавната политика и нејзините медиумски и партиски протагонисти. Па сепак, слободата постои за да се користи и за општо добро, пишува во статусот на фејсбук, академик Катица Ќулафкова.
Понатаму таа објаснува:
Затоа, ќе кажам јасно:
1. Борбата за правата на жените била, е и ќе биде праведна.
2. Дискриминација по било која основа, вклучително и по основа на сексуална определба, не смее да постои.
3. Правото на слобода на сексуалната ориентација не треба да биде спорно. Тоа треба да биде интимно, а не маркетиншко, човеково право.
4. Интимните човекови права не смеат да се претворат во радикални политички алатки и извор на нови видови дискриминација.
5. Ако со некој предлог-закон се доведуваат во прашање правата на жената во општеството, тој закон треба да биде темелно преиспитан.
6. Ако некој предлог-закон промовира „позитивна дискриминација“ во интерес на трансродовите лица, тој закон треба да биде предмет на јавна расправа и да биде ревидиран во склад со начелото на недискриминација.
7. Трансродовите политики воведоа опасна поимска конфузија и промовираат социјална нееднаквост и дискриминација.
Значи, не е проблем сексуалната ориентација. Имало и ќе има разлики.
Проблем е радикализмот во сферата на регулирањето на правата на трансродовите лица.
Проблем е трансродово насочената едукација на децата и младите.
Проблем е тенденциозното создавање нестабилни и трауматични транс-идентитети.
Проблем е радикалниот транс-хуманизам и квиро-центричниот концепт на светот.
Проблем е што на толку крупни проблеми (војни, трговија со луѓе и културни добра, дрога, миграција, етноцид, нов колонијализам, климатски промени), ЕУ како приоритетно прашање го поставува прашањето на транс-родовоста.
Проблем е што се создава постхумано човештво.
Пред нас гледаме гранични луѓе, гранично човештво. Светот е преполовен, болката ја чувствуваме сите.
Последниве години, дури и слободата на научните истражувања финансирани од меѓународните фондови на Западот се ултимативни: или ќе го усвоиш нивниот план за трансродово балансирање, или нема финансирање на проектот. Значи, веќе е воведен пристрасен трансродов принцип на елиминација и дискриминација во науката, пишува Ќулафкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.