Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со месната организација на Црвен крст Градско и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја организира денешната акција за доброволно дарување на крв која почна во 9 и ќе трае до 15 часот.

Собрани се и првите количества на крвни единици, а освен редовите се вклучуваат и нови крводарители, информира за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

Тој воедно ги повикува жителите на Градско и останатите населени места во Општина Градско да дојдат во Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Градско каде се изведува акцијата и да даруваат крв за да спасат нечиј живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.