Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поради личните документи и тоа што државните органи не успеале да извршат усогласување, како и поради тоа што усмени ги прогласи старите документи на граѓаните за неважечки, објави Олгица Трајковска.

Почитувани, денеска, до ОЈО поднесов Кривична пријава против Министерот О. Спасовски и поранешниот Претседател на Владата З. Заев, за кривичното дело: Злоупотреба на службената положба и овластување ( чл 353 ст.3 од КЗ) поради НЕИЗВРШУВАЊЕ на своите сл.должности за усогласување на документите од страна на ЈАВНАТА администрација (меѓу кои и на личните док. на граѓаните), а О. Спасовски и за ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на своите сл.должности извршено, спротивно на правниот систем, со негово УСМЕНО прогласување за неважечки на издадени важечки документи согласно законите за лични документи во рокот од 5-те години, во кој Јавната администрација била должна да ги усогласи, а поради нивна вина тоа не го сторила… со што се предизвикува ЗНАЧИТЕЛНА материјална штета за граѓаните, покрај другите штети по здравјето, уставното начело за правна сигурност…итн! Господ на помош!, објави Трајковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.