Криминогената влада спојува две концесии и дава дозвола за влез на Дестани во Иловица и покрај тоа што немал никакво претходно искуство со ископ на бакар и злато, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Дестани, човек на ДУИ платил 7 проценти од висината на концесијата за такса и однапред знаел влегува во сигурна бизнис зделка.

Криминогената влада гласа одлуки за луѓе блиски до ДУИ да се обезбедат со милионски профити на штета на интересите и барањата на граѓаните од струмичко. Криминалот на СДС и ДУИ стигнува во секој дел од државата. Скоро две недели владата молчи и мисли дека граѓаните ќе заборават. Нема ништо од изјавата на Ковачевски дека рудник во Иловица нема да се гради. Напротив Ковачевски молчи и бега и не бара одговорност од Крешник Бектеши кој ги излажал министрите на СДС и затоа гласале за спојување на концесиите Иловица-Штука. Со тоа што Ковачевски и владата дозволиле Дестани да влезе во Иловица, а веднаш потоа македонските институции ја вратиле концесијата, покажува дека истите работат по наредба на СДС и ДУИ. Криминалците од СДС и ДУИ се однесуваат кон државата како да е нивен сопствен бизнис и туркаат одлуки спротивни на интересите на граѓани. СДС и ДУИ и сите инволвирани ќе одговараат за сиот криминал. Одговорноста доаѓа по изборите, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.