Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи.

Според објавениот дневен ред, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од лицето Миле Бундовски од Скопје, во врска член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести, член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести Ковид-19.

Следна иницијатива која ќе биде разгледана на ова седница надоврзена со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2022 година.

Останатите две иницијативи се за Законот за Фондот за осигурување на депозити поднесен од физичко лице и за Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи поднесен од Синдикат на полиција во Македонија -Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.