„Замениците министри играат клучна улога во обезбедувањето на континуитетот и ефикасноста на министерствата. И секако имаат клучна улога во поддршката на министрите. Тие се столб на стабилноста и помош на министрите, но во нивно отсуство и на премиерот“, истакна пратеникот Драган Ковачки на денешната собраниска седница.
„Со нивниот денешен избор очекувам дека на министрите ќе им се олеснат спроведувањето на визијата, стратегијата и плановите односно спроведувањето на политиките и иницијативите кои што се од витално значење за нашите граѓани кои пак недвосмислено ни ја дадоа довербата“, појасни пратеникот.
Ковачки додаде дека граѓаните ДУИ и СДС заради погубните политики ги испратија во тешка опозиција.
„Замениците министри мора да бидат подготвени да понесат дел од товарот на секојдневното управување и да осигураат дека владините цели и програми ќе бидат реализирани“, нагласи тој.
„Затоа сме денес овде за да ја изразиме нашата поддршка за предложените и за многу брзо избраните кандидати за заменици министри во нашата Влада. Денес пред нас стои уште една важна одлука која ќе влијае на иднината на нашата држава. Изборот на заменици министри не треба да е само формалност туку е значаен чекор кон обезбедувањето на просперитет, стабилност и предвидливост за нашите граѓани“, порача пратеникот.
Ковачки посочи дека во време на глобални предизвици нашата способност да се адаптираме како држава и на тој начин да растеме е од суштинско значење.
„Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој. Секој потег треба да биде насочен кон подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани. Грижата за граѓаните и осигурувањето дека потребите и интересите на граѓаните ќе бидат дел од сите активности и политики на министерствата треба да биде една од нивните клучни улоги и приоритети“, истакна Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.