Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда, побара на денешната прес-конференција Драган Ковачки, прашувајќи ја министерката за одбрана дали ја продала куќата или само земјиштето.
Славјанка Петровска е фатена во лага. Јавноста виде дека таа поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која сакаше да ја сокрие од јавноста. Ова се снимки од сателитско снимање на теренот од кои се гледа како истата го гради целиот комплекс во период од 2009-та до 2016-тата година. Со тоа, очигледно е дека е извршено кривично дело бесправно градење, и е сторен криминал чие санкционирање се регулира согласно 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење, кој во став 1 вели: – Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со казна затвор од три до осум години. Кривичното дело – Бесправно градење има рок на застарување од 16 години и одговорност за ова мора да има, рече Ковачки.
Потсети дека Петровска кажа дека го продала земјиштето во 2011-та, а директорот на Катастар кажа дека истата го продала дури во 2020 година.
Во случајов вистината ја говори директорот на Катастар. Но, таа го продала земјиштето, но не и хациендата со базен. Хациендата, според евидентен лист е се уште сопственост на Петровска. Според наши сознанија сметките за струја, вода и други услуги кои се користат во хациендата гласат на име на таткото на Петровска. А, и таа според место на живеење се води во живеалиште на адресата на која се наоѓа хациендата. Дали ова не е доволен доказ дека Петровска лаже. И дека всушност таа крие хациенда со базен, која не и е продадена, туку истата и е регистрирано живеалиште? Очекуваме Петровска да не се плетка понатаму во лаги и да ја подари луксузната хациенда со базен на здруженијата на бранители од 2001 година, рече Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.