Жално е што Славјанка Петровска ужива во театарот кој што сама го прави, но во оваа држава време е за резултати. Дали Петровска го поднела дописот до МВР на Спасовски или било која друга институција е ирелевантно, наведува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.

Тој посочува дека Петровска вчера признала оти во министерството за одбрана се зема мито за испраќање во мисија или вработување.

Петровска може да продолжи да ја игра главната улога во театарската претстава до последниот чин, каде конечно ќе ја поднесе оставката, која е единствена нејзина обврска, додава Ковачки во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.