Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ одговори на говорот на лидерот на СДСМ и премеир Димитар Ковачевски дека ЕУ треба да подразмисли за опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Собранието.

Ковачки го повика Ковачевски на избори нарекувајќи го нелегитимниот.

Нелегитмниот мисли дека колку појако вика дека е за ЕУ а дека другите не се, дека ќе му се простат криминалот и предавствата на народот. Ковачевски, доста плачеш, ако сакаш да докажеш дека си сериозен политичар, а не крпа за подметнување, излези на избори, пишува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.