Беа изнесе доказите од наша страна, меѓутоа ова е уште еден блед обид на министерката за одбрана да манипулира, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска започна судското рочиште пред Основниот суд 2 Скопје по тужба од Славјанка Петровска.
Ковачки изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста, укажувајќи дека дуру и Ковачевски кажал дека истото е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што како што рече тој не би требало така да биде.
Гледате дека таа самата има доставено едно мислење односно вештачење од психијатар специјалист со кој што сака да ја манипулира јавноста, односно за својата емотивна и психолошка состојба. Гледате дека и самиот премиер кажа дека тоа вештачење е за потребите на судот, но не и за потребите воопшто за во текот на работењето. Јас ценам дека тоа не би требало така да биде, смета тој.
Ковачки ги повика новинарите да истражат дали има некој друг ваков случај каде што психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење, додавајќи дека тоа е од јавен интерес за граѓаните.
Ве повикувам вас како новинари да проверите дали има друг таков случај генерално, каде што психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење. Мислам дека јавен интерес е тоа и тоа треба да се под истражи, нагласи Ковачки.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пак, рече дека судската постапка ќе докаже дека вистината е на нејзина страна и дека Ковачки свесно ширел лаги за да го наруши нејзиниот углед и да ја попречи во работата.
Доказите кои ги презентиравме денеска пред судот во рамките на подготвителните рочишта се најголемите докази коишто ја потврдувваат вистината којашто јас ја зборивам, а оскудните т.н докази да не речам “рекла-казала” докази кои ги презентираа од страна на тужената страна, покажуваат со каква несериозност пристапиле кон сето ова, и дека единствената цел, како што кажа мојот адвокат, била да се наруши мојата чест и мојот углед и да се попречам во извршувањето на мојата работа. Доказите ќе ги доставиме до судот и уверена сум дека судот ќе ја види вистината. Сите оние шпекулации за наводно бришење на податоци од Катастар и така натаму, се само дополнителна замка во којашто тужениот сам влегува, меѓутоа тоа го оставам на неговата совест којашто е очигледно каква е во овој случај. На моја страна е вистината и таа ќе излезе на виделина, порача Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.