Срамно и неодговорно е министерството за одбрана да ангажира и плаќа професори да агитираат за партиски потреби и прашање е уште колку такви лица се ангажирани и олку пари се потрошени за таа намена во услови на криза“, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во „Филибастер“ на Радио Лидер во врска со протечениот документ во кој се гледа како министерство за одбрана плаќало професор да агитира за партиски цели за СДСМ.

Ковачки истакна дена тоа не доликува на еден професор, а не доликува ни за човек кој носел униформа и ги бранел боите на државата.

Срамно е ова што се случува, тоа е запрепастувачки, јас не можев да поверувам дека може такво нешто да се случува во 21 век во земја која тежнее кон европски интеграции и се залага за европски вредности. Тие вредности ги  исклучуваат таквите работи како што е партиско ангажирање од страна на министерството за одбрана на професори кои за одредена сума на пари се задолжени да пишуваат на Фејсбук за потребите на политичка партија“, рече Ковачки.

Тој истакна дека срамно е да земате пари, да склучите договор со министерството за одбрана, да прифатите да пишувате агитациони текстови, да се прават обиди за влијание врз вработени во министерството за одбрана, врз армијата само за одредена сума на пари.

Тука не се работи за транспарентност, се поставуваат прашања на колку такви договори имало како овој професор, според мои информации се работи за над 50 такви лица кои се под договор во министерството за одбрана и кои за одредени потреби се ангажирани од министерот поранешниот Шекеринска и сега Петровска.  Земаат пари од министерството за одбрана за да пишуваат текстови со поддршка за коалицијата на СДСМ и ДУИ“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека ова што сега се случува е крајно понижувачки. Има доста криминални набавки во делот на јавните набавки. Како пример го посочи случајот со набавката на резервни делови за оклопните транспортери Хермелин.

Еве кратко ќе појаснам, станува збор за договор кој што е вреден над милион и 500 илјади евра односно над 90 милиони денари. Министерството за одбрана за потребите на Армијата набавува резервни делови за оклопните транспортери Хермелини и тоа го прави по итна постапка односно бара од Биро за јавни набавки да им даде одобрение да тој договор се склучи во четири очи. Внимавајте, резервни делови набавувате, а барате да се склучи договор во четири очи поради итност како тоа да не било планирано претходно. Како да немало систем на планирање итн. тоа е сосема неодговорно, посебно за една институција како што е одбраната и војската“, појасни Ковачки.

Во текот на гостувањето Ковачки се осврна и на предлог законот кој што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ за измени и служба во Армијата.

Ние од наша страна поднесовме предлог закон за измени и служба во Армијата, и тука нудиме поволности. Добар дел од тие поволности да кажеме се веќе познати и на неколку прес конференции ние кои ги одржавме кажавме дека тука се решава проблемот со веќе пензионираните воени лица кои што заминале во пензија по некои други закони, се решава проблемот со пензионирањето на лицата кои што еве веќе 19 – 20 месеци не се поставени во Армијата на Република Македонија“, појасни Ковачки.

Тој закон на 10-ти мај беше отфрлен од страна на владејачкото мнозинство, за мене изненадување беше затоа што еден генерал во пензија поранешен гласаше против, еден мајор еве го Талат Џафери тој е мајор и тој гласаше против овој закон. За да на крај видиме дека добар дел од тие предлози што ние ги предлагаме беа преземени од страна на министерството па беа као усогласени со синдикатите и еве го поднеле законот, го дале на седница на Влада. Факт е дека ние тие работи кои што ги предлагаме се малтене идентични со она што го предлага сега министерството“, рече Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.