Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека секаде каде што одат се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, а така е и во Кочани каде што сè повеќе граѓани се приклучуваат во промените.

Ковачи најави финансиска поддршка од државниот буџет за развој на општината.

Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, но со промената на власта ќе има инвестиции во Кочани. Околу четири милиони евра од централниот буџет предвидуваме да се дадат за Кочани, тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани – Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина, нова надеж. Повикувам на 24 април масовно да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со голема излезност, односно победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, истакна Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.