Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на телевизија Алфа коментирајќи го соопштението на премиерот Димитар Ковачевски дека не служел војска поради последователни хирурушки интервенции, рече дека доколку е навистина така, тогаш тоа би било времена неспособност, а не трајна, како што стои во документите.

По мое мислење, премиерот во 2001 година не сакал да служи војска, да ја брани својата татковина. Наместо да се вклучи во одбраната, тој носел документи и се правел трајно неспособен. Трајна неспособност значи дека таа неспособност не може да се отстрани во иднина. Може и да прогресира, но не може да се отстрани. Доколку станува збор за хирурушка интервенција, тогаш тоа е времена неспособност, вели Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.