Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук-профил пишува дека до партијата стигнала информација дека директорот на ДБКИ, Стојан Славески е наводно под истрага за земање мито. Во постот тој прашува дали премиерот Ковачевски е запознаен со случајот.
„Извори кои сакаат да останат анонимни, до нас доставија информација за директорот на ДБКИ (Дирекција за Безбедност на Класифицирани Информации), односно за г – динот Стојан Славески (кадар на ЛДП)“, пишува Ковачки и додава:
„Имено, против директорот имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати.
Јавно го прашувам премиерот Ковачевски чијшто подреден е директорот на ДБКИ, дали знае дека против г-динот Стојан Славески е поведена постапка за утврдување на негова кривична одговорност и дали и на колку лица им е земено мито за испраќање во мисија и издавање на безбедносни сертификати?
Доколку знае, што преземал до сега и зошто досега не е разрешен Директорот на ДБКИ?
Ковачевски, има ли дел од системот што со алчноста на Вашите кадри и со Вашата неспособност не го разрушивте?“, пишува Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.