Власта на СДСМ е исплашена од масовните протести и поддршката на граѓаните на Република Македонија, порача Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира информацијата дека граѓаните кои што го блокираа патниот правец Радовиш – Струмица добиле прекршочни пријави.
Ковачки потенцираше дека СДСМ, Ковачевски и Спасовски со ваквите уцени, закани и заплашувања кон мирниот народ кој е против асимилација и бугаризација нема да ја спречи масовноста на протестите, упатувајќи апел до нив да прекинат со притисокот.
СДСМ, Ковачевски и Спасовски треба да престанат да вршат притисоци, закани и уцени кон мирниот народ кој достоинствено протестира против бугаризација и асимилација. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и ќе им даде помош на сите лица кои што се засегнати од овие уцени преку правна помош за во иднина тоа да не се повторува, изјави Ковачки.
Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат на протестите и да порачаат НЕ за ултиматуми и асимилација на државата.
Го повикуваме народот што помасовно да излезе и да ни се приклучи на овие протести, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.