За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки не се проблем шлаканиците туку ножот во грб кој претседателот на ДПА Мендух Тачи го забива на македонскиот народ. Ова е одговорот на Ковачки на процената на Тачи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот за измените на Уставот и дека до денот на изборите ќе добие многу шлаканици од меѓународниот фактор.
Не е проблемот во шлаканиците, туку проблемот е во ножот во грб што заедно со СДС му го забивте на македонскиот народ, а со тоа и на државата. Вие Тачи што сте на црната листа на САД, правите историско предавство кон вашите соседи Македонци, а полтроните и безрбетниците од СДС тоа го одобруваат само за да купат ден плус на власт. Македонија никогаш порано не била раскрчмувана како што го прави СДС до скоро предводена од Заев, а сега и од пионот Ковачевски, напиша на Фејсбук Ковачки.
Тачи во телевизиско гостување истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“.
Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе јаде многу „шлаканици“ до денот на изборите, дури и од меѓународните партнери. Шлаканиците ќе бидат многу големи, вели Тачи.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ во последен момент ќе го смени ставот за уставните измени.
Шлаканиците ќе растат, додека поддршката за остатокот од политиката ќе се зголемува. Ова ќе биде делот што е проевропски, дел од проевропскиот фронт, рече Тачи.
Лидерот на ДПА оцени и дека ВМРО-ДПМНЕ е про-руска и про-српска партија.
Може да биде фрустрацијата што ја имаат Македонците за да си го зачуваат идентитетот, но од друга страна тоа е директна асимилација, бидејќи ги знаеме намерите на Србија и Русија. Со години ги знаеме намерите на овие земји, дури и ако ги гледате нивните документарни филмови и емисии. Треба отворено да разговараат со своите гласачи, да им покажат дека тоа е фаталност. Тие мора да им кажат на луѓето каде треба да одат и каде сакаат да одат, порача Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.