Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари. Вакви лаги како оваа не поминуваат, нагласува Драган Ковачки.

Ковачевски зборувал и за храбростa, додава Ковачки.

Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар.

И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува, “се ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема”.

Епа Таче, седи си и не станувај, не се брукај!

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од трибината синоќа од Куманово упати прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во државата, вклучитечлно и на домашните политичари, на состаноците што ги има со нив им вели: “Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот“ Нека одговори па нека чујат и странците и нашите граѓани“, истакна Ковачевски.

Ковачевски порача дека Христијан Мицкоски е упашен и нервозен, затоа постојано бара предвремени избори, затоа што како одминува времето Апасиев му ги зема гласовите а вчера и самиот Мицкоски лично го призна тоа,

„Храброст не е да седиш на страна, да се криеш зад Апасиев, да правиш штета на својата земја и да бараш предвремени избори. Храброст е да засукаш ракави, да обезбедиш струја, вода, енергија во време на најголема криза.Храброст е да обезбедиш најголем пакет антикризни мерки на Балканот додека целиот свет страда. Храброст е да се донесе Буџет со нова економска визија за економска пресвртница. Храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш. А најголема храброст е да се донесе тешка одлука за иднината на земјата а не да се криеш како заложник зад Апасиев, рече Ковачевски во Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.