Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки му одговори на вицепремеирот Фатмир Битиќи, кој во реакција го повика да му се извини и најави дека во спротивно со задоволство ќе покрене тужба за клевета.

Вицепремиере Битиќи, за што барате извинување? Што демантирате и што е неточно?

Еве бидејќи многу зборувате, а малку кажувате, јас ќе Ви кажам што е точно:

1. Вашата сопруга заедно со сопругата на Директорот на Агенција за разузнавање Еролд Муслиу е основач на конзорциумот кој го добил грантот.

2. Вие сте биле на седница на Влада на која е задолжен националниот координатор да потпише Меморандум без кој не можел да биде добиен грантот.

Господине Битиќи, фатени сте 100:0.
Наместо да се заканувате, пресметајте си уште колку денови ќе сте на власт за да се криете позади функцијата.

До кога мислите дека ќе Ви се толерира киднапирањето на македонските институции за Ваши лични цели?
Одговорност ќе има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.