Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук го прашува лидерот на ДУИ Али Ахмети да каже кои Македонци му нуделе поделба на Македонија, Љубчо или СДС со кои сега е во коалиција?
Од настапите на Али Ахмети пред своето членство повторно гледаме дека кога се отвораат прашањата за борба со корупција и кога е очигледно дека конечно е дојдено време да се стави крај на пљачкањето и понижувањето на Македонија и Македонците, тој отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата.
Дополнително, се служи со манипулации кои никој повеќе не ги зема за сериозно.
На пример, Ахмети кажува дека ДУИ 20 години инвестирала во кадри и спремање на специјалисти од различни области за да не сме црвенееле пред другите развиени држави.
Состојбата е обратна – токму заради таквите кадри во кои 20 години инвестирал Ахмети, добивме јавен укор од амбасадорката на САД, па уште ни донесоа и тим за борба со корупција затоа што институциите во кои инвестирал Ахмети се пренатрупани со нестручност, некомпетентност и криминализираност, односно се пред колапс.
Командантот, претседателот или како и да се перципира себеси стариот, наместо да се извини за јавниот напад врз медиумите, бара новинарите да “не и’ дувале на бељата”.
Ете така ја разбира демократијата Али Ахмети, тој да зборува и да прави притисок врз новинарите, јавно етикетирајќи ги според лично убедување, но за неговите постапки поврзани со ограничување на Уставно загарантирани права, никој да не смее јавно да коментира оти тоа било “дување на бељата”.
И конечно, Ахмети повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. (?!)
Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори:
Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер – СДС?
Граѓаните треба да добијат одговор и да знаат кој е тој што си земал право да одлучува во име на сите тогашни и идни генерации Македонци, но и на сите останати граѓани врз кои почива суверенитетот на државата и дали таквите лица се’ уште се на платен список на граѓаните на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.