Општина Зрновци се развива, планираме во наредниот период во мандат на ВМРО-ДПМНЕ да инвестираме дополнителни милион евра за потребите на граѓаните од општина Зрновци, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на земјоделските производи, но и водоснабдувањето кој е еден од најголемите проблеми во овој крај. Дополнително 5.000 млади лица земјоделци, кои што одлучиле да останат во Македонија ќе добијат дополнителни бонус поени при апликациите за добивање на државно земјоделско земјиште, појасни Ковачки.
Ковачки повика на масовна излезеност, се со цел да се случат неопходните промени.
Меѓутоа за сето ова да се случи потребни се промени, промените може да се случат само со масовна излезност и поддршка за Гордана Силјановска Давкова на 24 април, потоа и на 8 мај за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија – рече Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.