Премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Ваквата информација ВМРО-ДПМНЕ ја добиле од медиумите.

Извори од партијата велат дека таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е избор на Ковачевски.

Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ ОДХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.