Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.
 
Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.
 
Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.
 
Ковачевски потенцираше дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.