Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги осуди вчерашните случувања во Косово и повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава.
Во земјава не постои никаков основ за какво било стравување во однос на безбедносната ситуација, меѓутоа морам да изразам загриженост и осуда за она што се случи на Косово, бидејќи таму беше убиен полицаец, кој е дел од безбедносните структури. Тоа беше акт на насилство којшто никому не му треба и сите се уверивме дека не носи ништо добро, освен немир не само во Косово, туку и во целиот регион, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Алма – М“.
Според Ковачевски, зад она што вчера се случи на Косово постои нечија агенда со цел регионот повторно да се види како подрачје на кое има кавги меѓу соседите.
Сигурно е дека зад тоа што вчера се случи на Косово постои нечија агенда на луѓе кои сакаат овој регион повторно да го видат како регион на немир, регион на кавга меѓу соседите, меѓутоа за среќа има политичари како што се политичарите кај нас и во Албанија, верувам дека ги има во сите држави во регионот, кои сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ, рече Ковачевски.
Се согласи со апелот на еврокомесарот Оливер Вархеји кој побара истрага за да се откријат сторителите, мотивите и нарачителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.