Членството во Европската унија нам ни е потребно, за да го осигураме развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди. Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на Денот на народното востание во Куманово.
Најважно и неопходно, според Ковачевски, е да се продолжи со забрзани чекори кон евроинтеграцијата бидејќи, како што посочи, полноправното членство во ЕУ е да се биде на вистинската страна.
Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси, подвлече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.