По повод одбележување на 11 Октомври, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изјави дека Куманово е слободарски, револуционерен град, град на соживот.

„11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, рече Димитревски.

Вели дека денес кај нас како печурки „никнуваат“ клубови, кои величаат соработници на фашизмот. Димитриевски се повика на изјавата на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој велеше дека Македонија е се што имаме.

Кумановскиот градоначалник вели дека денешните политичари треба да го трасираат европскиот пат. Кажа дека одлуките не смеат да бидат на штета на националните вредности. Вели дека сите можеме да придонесеме за подобар живот на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.