Премиерот Димитар Ковачевски вели дека како дел од извршната власт не сака и не смее да се меша во работата на правосудните органи, а со самото тоа и да ја коментира суспензијата на јавната обвинителка Вилма Русковска.
Тие институции не се во рамките на Владата, се работи за обвинителството и судството, така што за сите изјави и за сите елементи и факти во однос на тие процеси. Тие се единствените коишто ќе можат да дадат дополнителна информација, рече Ковачевски во разговор за Сител ТВ, околу ставот на Русковска дека членови на поранешна влада се инволвирани во нејзиното разрешување.
Според него, обвинителството и судството се независни од владата и воопшто од извршната власт. Она што Владата, меѓудругото, има обврска да го направи е да подготви соодветни законски решенија и да обезбеди независен буџет, што веќе го има направено.
Она што јас можам да го направам, нагласи премиерот Ковачевски, е да апелирам кога некоја институција работи независно и има независен буџет кој не е дојден од никаде, туку го плаќаат даночните оврзници, таа институција треба да возврати со ефикасна работа, а со тоа и да се здобие со доверба кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.