Премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали на бугарскиот европратеник ќе му се забрани најавеното доаѓање на честувањето на родениот ден на македонскиот револуционер Гоце Делчев, рече дека тоа е процедура пропишана во Законот за странци по кој постапува Министерството за внатрешни работи.
-Конкретните активности се исклучиво во надлежност на МВР и се спроведуваат врз основа на Законот за странци, одредбите кои регулираат кое лице не смее да влезе во државата заради активности кои ги нарушуваат односите односно меѓународните односи на нашата држава, внатрешниот поредок итн. Односно има три детални основи и доколку тоа лице, без разлика дали е политичар или се занимава со некаква друга дејност, сака да влезе во државата, доколку по тие основи се идентифукува од стран ана МВР тогаш се спрооведува процедура и нема да може да влезе во државата. Тоа е процедурата, значи спроведување на законско решение, дециден е премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.