Во Србија се чувствувам исто како што се чувствуваат и претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ кога доаѓаат во нашата држава, што значи исто како дома, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на српската влада, Ана Брнабиќ.
Ковачевски потенцира дека меѓу Македонија и Србија нема ниту едно отворено прашање или нерешен проблеми.
Имаме разговори за поуспешна соработка меѓу нас. Нашите две влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедницата да и овозможат ефикасно да работат – кажа Ковачевски.
Тој додаде дека како држава, имаме постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ.
Нашите држави и Македонија и Србија припаѓаат на слободниот и демократски дел од Европа. ЕУ има интерес на Балканот да нема конфликти и да има стабилност – истакна Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.