Новиот мандатар Димитар Ковачевски пред пратениците презентираше исти ветувања како неговиот претходник Зоран Заев. Според него фокусот на новата влада ќе биде во создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години.

Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст, рече во своети излагање тој. Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции, посочи Ковачевски.

Со истите ветувања во претходните пет години настапуваше неговиот поранешен шеф, Зоран Заев, кој секоја година ветуваше дека, ќе биде година на економијата и зголемување на економскиот раст на над 5%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.