Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе има средба со коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која меѓудругото ќе се реафирмирал ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.

На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на сè тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Македонија и усогласување со системот на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.