Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека уставните измени се заради исполнување на условот во Преговарачката рамка, и дека се друго надвор од рамката треба да се дискутира во рамки на поширок политички дискурс.

Ковачевски одговараше на новинарско прашање поврзано со поддршката од опозициските пратеници на Албанците и со нивното барање за укинување на 20% во Уставот, како и со носење на закон за борба против корупија.

-И затоа уставните измени предложени и усвоени на Комисијата за уставни прашања со мнозинство гласови и со утврден дневен ред на пленарната парламентарна сесија се заради исполнување на условот во преговарачката рамка. Се она што е друго надвор од преговарачка рамка секако дека претставува дискусија во рамки на поширок политички дискурс со оглед на тоа дека се работи за прашања од коишто дел се регулирани и со Охридскиот рамковен договор и за што секако ќе треба да има поголема вклученост на сите политички партии, меѓутоа не се поврзани со преговарачката рамка. Но, секое прашање поставено од политички партии коишто претставуваат граѓани по своја дефиниција е секогаш легитимно, рече Ковачевски.

Во однос на пратениците, рече дека не може тие да се бараат преку посредници, туку тие се членови на Парламентот избрани од граѓаните и ги претставуваат граѓаните.

-Вие знаете дека оваа тема беше дел од работата на работната група за уставни измени формирана во рамки на Министерството за правда која што ги изработи уставните измени согласно со обврската која што ја имаме од преговарачката рамка. И овие уставни измени се носат заради исполнување на нашиот дел од преговарачката рамка со оглед дека во преговарачката рамка има одредби коишто треба ЕУ да ги исполни и коишто ги исполнија. Се одржа прва меѓувладина конференција, македонскиот јазик веќе е дел од јазиците во ЕУ, се потпиша Договорот ФРОНТЕКС, веќе е закажана втората меѓувладина конференција итн., и она што се однесува до нас треба ние да го направиме во Парламентот,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.