Премиерот Димитар Ковачевски, на заедничката прес конференција со претседаталката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази надеж дека партиите коишто се против промената на Уставот ќе покажат, како што рече, дека се за европска иднина на државата, бидејќи, како што додаде, сега имало отворен прозорец за пристапување кон Европската Унија.

„Јас се надевам дека оние, коишто секогаш во историјата биле против европските и атлантските интеграции на државата конечно, за првпат во своето политичко постоење, во Парламентот ќе покажат дека се за европска иднина на државата“, рече Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.