Според премиерот Димитар Ковачевски смета не организирале бунт против ЕВН сите жители на селото Слупчане или околните села, туку тоа биле само поединци и кај нив треба да се идентификува одговорност за спречувањето на работата на компанијата која врши јавна услуга.
Бидејќи работниците од ЕВН бараа гаранција за да можат да влезат, за одредени лица да не ги спречуваат, локалната самоуправа им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен. Селото има голем број домаќини луѓе. Кога ќе одите на Зелен Пазар или Бит Пазар, вие нема да најдете производ од Аеродром, Центар или од Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели. Тоа нема да го дозволиме, рече Ковачевски по денешното ставање камен-темелник на новата полициска станица во Аеродром.
При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од Електродистрибуција потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.