Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил со оценка дека денешната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Софија е успешна и плодна и очекува веќе за шест месеци конкретни резултати од работните групи во сите области.
Денеска имавме успешна и плодна седница на двете Влади. Ги формиравме петте работни групи и започнуваме со реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете земји. Ваквата соработка ќе значи зближување на двете држави и конкретни придобивки за поквалитетен живот на нашите граѓани. Она што сакам да го истакнам е дека членови и копретседавачи на овие групи во најголем дел се министрите во двете влади. Со тоа обезбедуваме силна политичка поддршка за имплементација на зацртаните проекти, која ќе резултира со силен интензитет и брза реализација. Очекувам веќе за шест месеци во сите области да покажеме конкретни резултати, стои на фејсбук статусот на Ковачевски.
Тој додава дека денешните средби со премиерот Петков и министрите од двете Влади, го увериле дека постои волја кај двете страни за брз напредок во меѓусебните односи.
Јас и Кирил сме нови премиери, и имаме одговорност, но и силна желба да успееме во оваа наша амбиција. Силно верувам дека ова ново поглавје во односите меѓу нашите две пријателски земји ќе донесе напредок, развој и долгорочни придобивки за двата народи, вели премиерот Ковачевски забчагодарувајќи се уште еднаш за гостопримството на бугарскиот колега Петков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.